Снегот блокира повеќе камиони на влезовите во Кавадарци
25-01-2019 РЕГИОН

Неофицијално дознаваме дека во моментов поради интензивните врнежи од снег
повеќе приоди кон Кавадарци се блокирани од товарни возила.

 

На “Маренските уши“ имало извртено камион, поради тоа сообраќајот е во прекин.

Прекин на сообраќајот има и кај „Краиште“ поради заглавени два камиони. Поради товарни возила исто така во застој е и сообраќајот кај „Мотел Дреново“.



Оваа информација ја потврдија и од кавадаречката полиција.



Надлежните препорачуваат товарните возила да не се вклучуваат во сообраќај бидејќи снегот се задржува на коловозите и го попречуваат сообраќајот.



Share

Додади коментар