Следува продолжен викенд - понеделник, 25 мај, неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ(„Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на Република Северна Македонија - Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

 

Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

 

Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.

 

 

 



Share

Додади коментар