Следната недела две крводарителски акции во Кавадарци
02-11-2016 РЕГИОН

ОО на Црвен Крст Кавадарци денеска го утврди датумот за две доброволни крводарителски акции. Ќе се реализираат следната недела, едната во среда на 9 ти, а втората во петок на 11 ти ноември.По традиционалната есенска акција низ средните училишта во Кавадарци, сега крв ќе даруваат не само средношколци туку и студенти, хуманитарци и работници.

 

Имено акцијата на 9 ти ноември ќе биде реализирана во просториите на дисперзираните студии при универзитетот Гоце Делчев во Кавадарци.Во периодот од 9 до 14 часот крв доброволно ќе може да даруваат средношколците од СОЗШУ Ѓорче Петров, студентите од овој факултет и членовите на Ротари клуб Кавадарци. Станува збор за традиционална акција која веќе ги нижи успесите, а која  кавадаречкиот црвен крст ја организира по иницијатива и во соработка со Ротари клуб.

 

Втората акција закажана за следниот петок ќе се реализира во просториите на комбинатот Алијнса уан и ќе биде отворена за доброволно дарување од страна на вработените.И оваа акција има своја традиција која Алијанса успешно ја негува. И двете акции ќе ги реализира екипа на институот за трансфузиона медицина Скопје.Ќе се почитуваат правилата за дарување, а тоа значи пред се можност крв да дарува ќе има секој со одлична здравствена слика. Очекуваме одличен одзив и позитивен резултат од двете акции велат од општинската организација на Црвен Крст Кавадарци.

 

Mилица Младенова

 



Share

Додади коментар