Сите патишта во општина Кавадарци се навремено исчистени од снегот
17-01-2017 РЕГИОН

Снежната покривка од 15 до 60 сантиметри која падна на територијата на општина Кавадарци не предизвика посериозни проблеми во сообраќајот. Општината, особено економскиот оператот, компанијата „Ја-Ми“, задолжена за зимското одржување на улиците и латиштата, многу одговорно и сериозно приистапија кон задачата. Со ангажманот на терен, тие ниту во еден момент не дозволија и најмал застој на сообраќајот, како по градските улици, така и по локалните патни правци.

 

Првата интерванција, службата за зимско одржување ја направи паралелно со првите посериозни врнежи од снег, при што улиците од прва и втора категорија во Кавадарци, како и локалните патишта до низинските села веднаш беа проодни и оспособени за сообраќај во зимски услови.

 

Компанијата „Ја-Ми“ со брзата и навремена интервенција на механизацијата за неполни дванаест часови ги проби и оспособи за сообраќај и локалните патни правци кон ридско планинските села. Досега по улиците и патиштата се фрлени 60 Т сол и 150м3 ризла.

 

Општина Кавадарци која е втора по територија во републиката, има развиена локална патна мрежа во вкупна должина од 200 километри која е најдолга во Македонија. Најголемиот дел од тоа, или 160 километри припаѓаат на ридско планинскиот дел и водат кон селата од подкожувјето. Со таква ситуација на теренот концесионерот се справува со функционален воздн парк од спедијализирани камионии возила. Оваа компанија е единствена која за зимском одржување на патиштата има специјално возило фрлач на снег-„фреза“. Ова возило е особено функционално при високи снежни наноси и навеви на патот и е исклучително корисно за терените во реонот на Кожув Планина.

 

Токму соодветната механизација на  концесионерот овозможува општина Кавадарци да има оспособени улици и патишта за зимско одвивање на сообраќајот. Општината неколку години со неа развива концесионерски односи кои резулчтираат со навремено, брзо и ефикасно расчистување на снегот од улиците и локалните патишта, а компанијата „Ја-Ми“ја прави една од најдобрите во Македонија.

 

Особено треба да се истакне фактот што најоддалечените села: Рожден  Мрежички и Фариш, потоа патните правци кон селата од Бошавијата: Страгово, Крњево,Чемерсо, Бохула, Горна и Долна Бошава, Бојанчиште и Конопиштене се отсечени од Кавадрци, а во екстремни случаи не повеќе од 10 часа.

 

Иста е ситуацијата и со локалниот пат до „Михајлово“ кое иако се наоѓа на 1400 метри НМВ, патот кон сместувачките капацитети на одморалиштето и индивидуалните објекти е прооден во секој момент дури и при високи врнежи од снег, што до пред превземањето на концесијата од „Ја-Ми“ тоа не беше случај.



Share

Додади коментар