Според првичните податоци што ги објави ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордна Силјановска-Дафкова е во водство пред Стево Пендаровски од СДСМ во сите општини од Тиквешијата. Членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ ја слават победата во овие општини во првиот круг.
Во Кавадарци излезноста е 56,29%. За Силјановска- Дафкова има освоено 9261 глас, Пендаровски 7866. Неважечки биле 836 ливчиња.
Силјановска-Дафкова води и во Неготино. Има освоено 2672 гласа. Пендаровски 2233, а Река 55 гласа.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води и во Росоман. Има освоено 1052 гласа, Пендаровски 765, Река 14.
Во Демир Капија, каде имаше највисока излезност од 63,4(% исто така во водство е Силјановска-Дафкова. Таа ја добила подршката на 1089, а Пендаровски на 933 демиркапијци. Река освоил 22 гласа.
А.Д
Додади коментар