Седум прекршувања на полицискиот час изминатиот викенд на подрачјето на СВР Велес
11-05-2020 РЕГИОН

Во текот на изминатиот викенд ,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес се регистрирани седум лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час, и тоа, четири во Велес и три во Неготино.  

 

Во овој период нема нови регистрирани лица со Решенија за изолација, а со Изјава за самоизолација има три лица, и тоа, едно во Кавадарци и две во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 142 лице, од кои 137 во Велес, пет во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 47 лица, од кои 30 во Велес, 10 во Кавадарци и седум во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - стои во известувањето од СВР Велес.

 



Share

Додади коментар