Седум нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци - меѓу позитивните тројца се здравствени работници
28-08-2020 РЕГИОН
Седум нови позитивни на корона вирус се дијагностицирани денеска во Кавадарци, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Станува збор за пациенти на возраст од 42 до 73 години. Тројца од нив се здравствени работници.
„Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Работиме на утврдување на контактите“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
А.Д
Додади коментар