Седум случаи на корона вирус се дијагностицирани во центарот за јавно здравје Кавадарци во изминатите 24 часа заклучно со денес до 13.30 часот.
* Кавадарци 3 позитивни на возраст од 37 до 52 години
* Неготино 4 позитивни на возраст од 49 до 84 години
„Во Неготино има позитивно дете од градинка поради што во изолација се 6 деца, 1 негователка и 1 воспитувачка“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Вчера во Кавадарци беа регистрирани 15 оздравени пациенти, а во Неготино 6. Според извештајот на ИЈЗ, во Кавадарци од почетокот на пандемијата има дијагностицирано вкупно 1059 позитивни, а во моментов активни се 440 случаи. Во Неготино има активни 287.
Од општа болница Кавадарци информираа дека на ковид одделот се згрижени 44 пациенти со средно-тешка клиничка слика, во стабилна општа состојба.
А.Д

Додади коментар