Советот на општина Росоман вчера ја одржа шестата редовна седница. На дневен ред советниците имаа три точки со предлок одлуки и извештаи, а нај интересна за дискусија им беше првата, извештајот на комисијата за финансии и буџет. По оваа точка предлог заклучоците на комисијата во врска со поднесените барања, советниците без расправа едногласно ги прифатија, но опозицијата појави интерес од говорница да дискутира по измените и дополнувањата на буџетот за 2013.
По нивните забелешки главно упатени на релација зголемување на средствата за репрезентација детално надополнувањето на буџетот со околу еден милион денари во сите ставки го образложи раководителот на секторот за финансии Ратко Стаменов.Но и понатаму дискусијата на говорница беше зошто се зголемуваат средствата за репрезентација по што следуваше одговорот на градоначалникот Стојанче Лазов.
На сметка на дополнувањето на буџетот за 2013 следуваа и прашањата од советниците на опозицијата.На Атанас Стојанов зошто не им се плаќа превозот на наставниците од ОУ Пере Тошев кој доаѓаат од Кавадарци на Спасе Ристов зошто нема финансии за слободна индустриска зона и на Маја Миленковиќ дали знае градоначалникот што е децентрализација бидејќи токму таа помогнала општината да има поголем буџет. На ова Лазов одговори дека според законот општината не е должна да им плаќа пари за превоз на наставниците оти истите ги добиваат во рамки на платата, а доколку сметаат дека се оштетени градоначалникот ги упати судски да бараат правда.За индустриските зони има предвидено средства и постои план за развој на кој се работи по што ќе следуваат и резултати му одговори Лазов на Ристов.
„Поимот децентрализација добро проучете го вие од опозицијата“ и одговори градоначалникот на Маја Миленовиќ.
Во време кога имавте градоначалник од вашите редови имаше и криминал, немаше наплата на данок на имот, фирмарина и слично. Немавте буџет па немаше ни успешна работа. Сега точно е даноците се повисоки, казните исто така, но наплата има, а граѓаните живеат по квалитетно низ урбано место со асфалтирани и осветлени улици, а ние сме тим кој за среќа работи домаќински без криминал, се грижи за своите граѓани и има зголемен буџет неколку години по ред на што можат да под завидат и неколку поголеми општини заврши градоначалникот Лазов. По неговата дискусија извештајот за измени и дополнувања на буџетот извештајот беше ставен на гласање и донесен со 6 гласа за и 3 воздржани.
По извештајот на комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата дискусии немаше. Советниците едногласно ги прифатија одлуките на комисијата. А по предлог извештајот на комисијата за образование, култура, спорт и одбележување на празници и манифестации на говорницата привлече предлог решението за усвојување на годишната програма на ООУ Пере Тошев. Од истиот слабостите ги потенцираше советникот Атанас Стојанов главно упатени на според него непрофесионалното работење на секретарот на што одговори претседателот на советот Марјанчо Пенчев кој рече, добро е кога некој работи, напредува и има успеси, а сепак сумирал и неколку слабости тоа треба да го цениме и да дадеме подршка за отстранување, а не да критикуваме кога успесите се далеку погоре од неколку наведени слабости.По ова извештајот за годишната програма на училиштето беше ставен на гласање и едногласно усвоен од советниците.
Милица Младенова

Додади коментар