Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, во соработка со општините ја реализираа акцијата „Македонија без отпад 2014“.
Низ цела држава се спроведе акција за чистење на околината од отпадот кој се наоѓа лоциран на несоодветни места .
Овој Проект ќе се спроведува со поддршка и со учество на Државните институции, Локалната самоуправа, Јавните и Комуналните претпријатија, Невладините организации, Здруженија на граѓани и месното население.
Во Кавадарци механизацијата и вработените на ЈП Комуналец работеа на расчистување на дивата депонија која беше создадена на влезот во Кавадарци веднаш под градските гробишта. Исто така се расчистуваа и дивите депонии во Марена и Дреново.
Целта на проектот „Македонија без отпад 2014“ е организирано и што по масовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места .
Ангел Данов
Додади коментар