Се уредува центарот на селото Дреново
02-10-2015 РЕГИОН
Локалната самоуправа Кавадарци продолжува да ја реализира програмата за комунално уредување. Покрај во урбаните заедници, се работи и во селските месни заедници. Во моментов во селото Дреново инфраструктурно се средува центарот на селото. Веќе е завршена реконструкцијата на неколку улици, а ќе се работи и на реконструкција и проширување на влезот во селото.
 
 
Во посета на Дреново беше градоначалникот Александар Панов кој во изјава за КТВ рече дека општината постапува по барањата на жителите на сите населени места.

Претставниците на месната заедница искажаа благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа за разбирањето што го искажале за решавање на нивните проблеми. Задоволни се и од тоа што веќе педесетина лица се вработиле во Дрекслмаер.

А.Д



Share

Додади коментар