Се сруши куќата на семејството Маневи од Сирково
05-03-2015 РЕГИОН

Трошната куќа на фамилијата Маневи од село Сирково не ја издржа зимата. Доцна синоќа Маневи останаа без покрив над главата, бидејќи кровот и ѕидовите не ја пребродија влагата. Двете сестри и двајцата браќа мозе чкој живеат под ист покрив велат дека интензивните врнежи од дожд во овој период дополнително им го отежнале секојдневието.При секој дожд водата која течеше од таванот ја собиравме во кофи и леѓени.Ѕидовите почнаа да се рушат дел по дел, но мислевме дека ќе ја пребродиме зимата па потоа ќе бараме чаре, но ете пред време не снајде најлошото.Сега каква таква куќата во која живееме остана без кров , а ние без дом низ солзи раскажуваат Маневи.

 

Нив утринава ги посети градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов заедно со претставници на Локалната самоуправа и центарот за социјални работи и им ветија помош.Општината ќе најде начин да им обезбеди на Маневи помош во градежен материјал.Ќе им помогне и центарот за социјални работи, а во координација со останатите институции и бизнис секторот ќе се потрудиме на овие сложни браќа и сестри да им помогнеме да си го вратат покривот над глава вели градоначалникот Стојанче Лазов. Тој информира дека локалната самоуправа ќе организира и хуманитарна акција за обезбедување помош, а до хуманите апелира доколку некој сака на било каков начин да им помогне на Маневи да се обрати до службите во локалната самоуправа.Ќе дадеме се од себе да го вратиме во нормала животот на оваа фамилија велат надлежните уште еднаш повикувајќи ги добронамерниците да им помогнат на Маневи од Сирково.

М.Младенова

 

 



Share

Додади коментар