Се средуваше хаосот по невремето во Кавадарци и Неготино
19-06-2019 РЕГИОН
Попладнево повторно Кавадарци и Неготино беа зафатени од невреме проследено со пороен дожд. Веднаш по невремето екипи на ЈП Комуналец работеа на расчистување на наносите од кал и камења.
На терен беше излезен и градоначалникот Митко Јанчев.
Поројниот дожд направи хаос и низ Неготино. И таму се расчистуваа наносите од кал и камења. Од прес службата на општина Кавадарци информираа дека екипи од кавадаречкото комунално претпријатие и од ТПЕ Кавадарци биле на помош во Неготино за испумпување на водата од подрумски простории.

Додади коментар