Железничкиот сообраќај на релација Демир Капија-Гевгелија денеска е нормализиран по вчерашниот прекин пооради проблемите кои ги предизвика невремето со пороен дожд и излевањето на реката Бошавица.
Портпаролот на Центарот за управување со кризи, Надица В`чкова информираше дека сотојбата се нормализира и се работи на расчистување на местата каде излевањето на реката направи проблеми. Возовите сообраќаат со ограничување на брзината од 30 км/ч на релација Демир Капија-Гевгелија.
Завчера вечер и општи Демир Капија беше зафатено од силно невреме кое направи натеријални штети. Според податоците од Метереолошката станица во Демир Капија, наврнале над 50 литри на квадратен метар. Од обилните врнежи од дожд беа поплавени голем број подрумски простории. Најмногу се оштетени жителите од селото Корешница и жителите од населбата во Демир Капија што се наоѓа од десниот брег од реката Бошавица.
Заради оштетување на железничката пруга кај Демир Капија вчера од 08:55 часот во прекин беше железничкиот сообраќај на правецот Демир Капија – Гевгелија. Огромната количиона на вода го скинала заштитен насип на река Бошавица во Демир Капија при што била поплавена ул.„Партизанска“. И денека се работеше на санирање на последиците од невремето.
Ангел Данов

Додади коментар