Се средува депонијата „Мелци“
16-03-2021 РЕГИОН
Општина Кавадарци реализира активности за чистење на депонијата Мелци. Односно, по цели 40 години, сега активно се работи на рамнење на површината и овозможување подобар пристап до депонијата. Интензивно се работи со три болдужери, два се на ЈП Комуналец а еден е даден на користење како донација од Градба промет. Со овие активности би се овозможил подобар и побезбеден пристап до самата депонија а најважно од се е тоа што ќе се намали можноста од избувнување на пожар во летниот период а со тоа ќе се намали и можноста од загадување на воздухот.

Додади коментар