Се средува атмосферската канализација во Росоман
12-09-2016 РЕГИОН

Се решава проблемот со атмосферската вода во општина Росоман. Првично се работи на критичните точки низ општината. Врнежливото време не ги сопре градежните ективност, туку напротив го забрза интензитетот, а резултати веќе се чувствуваат информира градоначалникот Стојанче Лазов.

 

„Работиме прво на местата каде атмосферската вода правеше најмногу проблеми.Сега веќе по првите санации и поголеми градежни зафати резултатот се чувствува, а задоволни се и граѓаните“ рече Лазов.

 

Постепено на атмосферската канализација ќе се работи низ целата општина.

 

„Повеќе од значајни беа детектираните загрозени реони со оглед на интензитетот на врнежи.Сега кога таму нема да има проблеми простор останува континуирано да се работи и низ останатите делови во Росоман“, додава Лазов.

 

М.Младенова



Share

Додади коментар