Голема е штетата во куќите кои настрадаа во вчерашниот пожар по удар на гром на улицата „Питу Гули“ во Кавадарци. Целосно се оштетени покривните контрукции, а речиси не останало ништо и од покуќнината. Денеска интензивно се работеше на расчистување на остатоците по пожарот со цел да започнат градежни активности за санирање на штетите.
Половина од потребната сума за санација на покривите на трите опожарени куќи ќе јка покрие регионалната стопанска комора, а останатата половина опшитната. Денеска опожарените куќи ги посетија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот, Александар Панов и претседателот на регионалната стопанска комора, Митко Јанчев, кои најавија помош за семејствата со цел што побрзо да се санираат штетите и да се вратат во своите домови.
„Набрзо очекуваме да се спроведат градежни активности со цел да се направат нови покриви на сите три куќи кои ќе бидат изградени со помош од бизнис заедницата и општината . Дополнително Минситерството за труд и социјална политика , аедно со Центарот за социјални работи ќе обезбеди еднократна парична помош од околу 6 илјади евра за сите домаќинства или 30.000 деанри по домаќинство, со цел да им помогнеме да си ги досредат објектите но и за првичните нивни потреби. Со помош ќе излезе и Црвениот крст, помош која се дели во вакви ситуации. “ изјави министерот Спасов и најави дека најкасно за десет дена семејствата ќе можат повторно да се вратат во своите домови.
Градоначалникот Александар Панов упати апел до сите граѓани и бизнисмени да донираат за да ја помогнат реконструкцијата на оштетените домови.
„Бизнис заедницата на чело со Митко Јанчев претседател на Регионална стопанска комора прва притрча на помош. Во наредната недела со одлука на освет ќе биде оппределена парична помош од општината“ рече Панов.
„Беше страшно. Го слушнавме ударот на гром, а набрзо го видовме и пламенот во куќата каде удри. Огнот се ширеше брзо и се издигаше густ чад.“ раскажуваат соседите на шесте семејства чии куќи вчера изгореа целосно по удар на гром во Кавадарци. Кога удрил громот во куќите имало и луѓе но за среќа никој не е повреден. Семејствата сеуште неможат да се соземат од шокот и не сакаат многу јавно да говорат за непогодата која ги снајде.
Пожарникарите од Кавадарци и Неготино и пожарникарската единица од „Фени“ вчера повеќе од два часа се бореа со огнената стихија која се закануваше и по околните објекти, бидејќи големиот пожар беше во густо населен дел од Кавадарци.
Ангел Данов

Додади коментар