Општина Кавадарци преку Јавното претпријатие „Комуналец“ деновиве засилено работи на рехабилитација на шахтите по кавадаречките улици.
Станува збор за редовна активност на комуналното претпријатие, која деновиве се изведува интензивно. Целта е да се санираат сите оштетени шахти и да се израмнат со нивото на асфалтот од коловозите.
Со овој зафат како трајно решение ќе се рехабилитираат шахтите и ќе се отстранат и опасностите од нив како ударни дупки при одвивањето на сообраќајот по градските улици , информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Во информацијата исто така се наведува дека општината во соработка со фирмите донатори „Ас машини„ и „Градба промет“ реализираше проект за доизградба на пристапниот пат кон манастирот „св. Никола“ во Моклиште.
Се работи за поплочување на преостаната делница од брегот на реката до спојот со постојниот поплочен пат.
Додади коментар