Се реконструира фасадата на зградата кај „Стара автобуска“ во Кавадарци
27-06-2019 РЕГИОН
Деновиве започна ревитализацијата на фасадата на зградата позната како „Стара Aвтобуска“. Ова е петтата од вкупно 13 згради на кои се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.
За оваа намена општината ќе инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот на општината.
Општина Кавадарци го продолжува проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Кавадарци.
Според проектот наредна зграда за санација е зградата позната како „Монополска“ на ул. „Илинденска“ каде се наоѓа Тутунска банка.
Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.

Додади коментар