Се реконструира старата водоводна линија во селото Сопот
11-05-2020 РЕГИОН
Општината Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот комунален проект во селото Сопот за реконструкција на старатa водоводна линија - информираат од локалната самоуправа.
 
 
Ангажираната оператива на фирмата „ВОД-ВАР“ Инженеринг од Скопје работи на поставување на комплетно нова мрежа по главниот вод на улицата „Илинденска“ како и на краците од сите останати селски улици.
 
 
Паралелно се поставува и атмосферска канализација за зафаќање на атмосферската вода од улиците: „Илинденска“, „Коле Василев“ и ул. „Маршал Тито“.
 
 
Станува збор за проект вреден 16.914.631 денари, пари кои се наменети за подобрување на подземната инфраструктура во оваа интензивна рурална средина.
Овој значаен и сериозен комунален проект општината го реализира на барање на жителите од селото Сопот.


Додади коментар