Нов лик ќе добие тротоарот пред велешкиот суд. Веќе неколку денови во тек се градежни активности за реконструкција на пешачката зона. се отстранија старите плочки и рабници а моментално се рамни подлогата. Според проектот на општинските власти, тротоарот ќе се поплочува со бехатон коцки. Градоначалникот Славчо Чадиев вели дека реконструкцијата била неопходно. поради мразот и солта, старите коцки беа целосно уништени а дополнителн проблем претставуваа и возилата чии сопственици тротоарската површина ја користеа за паркинг..
Инаку освен повисоките рабници кои треба да спречат паркирање на автомобили, како дополнителна заштита ќе се постави и метална ограда. Од локалната самоуправа велат дека веднаш по завршувањето на овој тротоар, ќе се реконструира и пешачката зона пред хотелот Интернационал.Овој дел ќе се изведува после најавената реконструкција на објектот..
од локалната самоуправа велат дека реконструкцијата на тротоарите во центарот на градот ќе продолжи до градскиот часовник.. првин ќе се работи патеката од страната на синдикатот а потоа и пред комплексот банки.
З.Ј

Додади коментар