Се реконструира паркот кај гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес
05-10-2015 РЕГИОН
Зелената паркова површина пред СОУ „Гимназија Кочо Рацин” се реконструира. Екипи на ЈКП „Дервен” интензивно работат на негово уредување. Наскоро граѓаните ќе добијат уште едно ново пријатно место каде ќе можат да го поминуваат своето слободно време.
Реконструкцијата предвидува оформување на нови патеки, целосно осветлување, поставување на урбана опрема, клупи, летниковци, канделабри и корпи за отпадоци. Од неодамна на целата површина е поставен и систем за наводнување.

Додади коментар