Се реконструира одделот за вакцини во Кавадарци
18-10-2013 РЕГИОН

Приватната компанија „Кожувчанка“ како општествено одговорна компанија ги продолжува хуманите активности во општеството. Со донација од три илјади евра помогна да се изврши целосна замена на вратите и прозорците на објектот за вакцинации што работи во склоп на ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци. Објектот е изграден пред песет години и беше неопходно да се подобрат условите за работа како на персоналот, така и дечињата да бидат соодветно примени.

 

„Тука доаѓаа нашите најмили и најмлади. Сега благодарение на човекот со големо срце и хуманист Митко Јанчев и неговата компанија „Кожувчанка“ ги подобривме условите за работа на вакциналниот оддел“ рече директорот на Здравствен дом,  д-р Никиола Трендафилов и искажа голема благодарност за донацијата.

 

Сопственикот на „Кожувчанка“, Митко Јанчев вели дека и во иднина компанијата ќе донира за подобрување на условите за живот во општеството.

„Ќе продлжиме со хумани гестови од нашата компанија во рамки на нашите можности. По барање на директорот,  Д-р Трендафилов,  определивме промена на прозорци и врати и сметам дека ќе има далеку подобри услоиви за функционирање на овој објект. Вреноста на оваа донација е околу 3000 евра“ рече Јанчев.

 

Во ЈЗУ Здравствен дом ќе продолжи да се реализира и втора фаза за реконструкција на објектите. И градоначалникот Александар Панов најави финансиска помош за реконструкција на одделот за брза помош.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар