Во Демир Капија во тек се градежните работи за реконструкција на на водоводната мрежа со што ќе се обезбеди секој дел од градот во секое време да има доволно вода за пиење и други потреби.
Со реконструкцијата на водоводната мрежа во должина од 8558 метри се предвидува замена на азбестните цевки со нови полиетиленски цевки за водовод, како и зголемување на профилите на водоводните цевки во мрежата.
Главна цел на овој проект е да се обезбеди секој дел на градот во секое време, да има квалитетна вода за пиење со соодветен притисок и со доволна количина на вода за хидранти во случај на пожар.
Проектот е финансиран од Европската Инвестициона Банка ( ЕИБ) во висина од 336.894 евра обезбедени преку Министерството за Транспорт и Врски и со дополнителни финансиски средства обезбедени од Буџетот на општина Демир Капија во висина 1.500.000 денари.
Со овој проект, ќе се создадат подобри услови за зачувување на здравјето на граѓаните и создавање на почиста и поздрава животна средина, затоа што од најголема важност за локална самоуправа е граѓаните од општина Демир Капија да имаат чиста и квалитетна вода за пиење во наредните 50 години.
Петре Пашоев

Додади коментар