Се расчистува дел од коритото на Луда Мара кај спомен паркот „12 Ваташки младинци“
13-05-2020 РЕГИОН

Ангажираната градежна механизација работи на расчистување на коритото од речен нанос и диво обрасната вегетација. Со овој проект се опфатени 900 метри од регулираното корито на реката каде има постојна шкарпа како и повеќе каскади изградени во шеесеттите години од минатиот век.

Овој зафат што го превзема општината има за цел расчистување и разубавување на тој дел од спомен паркот „12 Ваташки младинци“, воедно е продолжение на активностите на општината од минатите две години, во делот на екологијата и хортикултурното уредување во овој дел.

Додади коментар