Се проширува улица „Перо Видев“ во Ваташа и тротоарот на „Бел камен“
28-07-2018 РЕГИОН

 

На барање на месната заедница од село Ваташа, општината реализира нов проект од комуналната изградба. Се работи за изведување на градежни работи за проширување на дел од улицата „Перо Видев“ во Ваташа која минува на северната страна од гробиштата.

 

Бидејќи станува збор за земјен пат кој потоа продолжува како полски пат вклучен е багерот на ЈП „Комуналец“.

 

Се санира и проширува делница од 300 метри која започнува од влезот кај новата црква, а потоа продолжува кон лозовите насади на Ваташки рид - информираат од општината.

 

Исто така започнати се градежните работи за проширување на тротоарот на улицата „Бел Камен“.

 

 

Според проектот Општина Кавадарци на ова место ќе изгради паркинг кој треба да го реши проблемот со паркирање на возилата на жителите од трите колективни станбени објекти.

 

Најпрвин ќе се изврши подѕидување со бетонски блок на ниво на тротоарот кој ќе служи за оформување на дополнителната површина каде ќе се постават бехатон плочки за проширување и создавање на нова паркинг површина.

 

Овој проект општината ќе го финансира со 153.161 денар, а парите се од буџетот, сметка за комунална изградба.



Share

Додади коментар