Започнаа градежните активности за проширување на влезот на Кавадарци, односно реконструкција на „Западен булевар“. На стартот на градежните работи беше присутен и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и градоначалникот Александар Панов. Првиот човек на општината нагласи дека се отпочнува со реализација на значаен капитален проект за цела општина.
„ Ова беше едно долгогодишно барање на целокупниот бизнис сектор и на регионалната стопанска комора. Минатата година го реализиравме кружниот тек заради зголемување на безбедноста. Сега ќе се реконструира влезот во должина од 350 метри и ширина од 17 метри“ рече Панов.
Тој нагласи дека целокупната инвестиција ќе чини околу 13 милиони евра, пари од општинскиот буџет. Заедно со експропираниот имот, каде ќе се проширува влезот, Панов рече дека проектот ќе достигне вредност и до 17 милиони денари.
A.Д

Додади коментар