Продолжуваат градежните работи за ревитализација на улицата „Мито Хаџи-Василев“. Градежната оператива деновиве работи на отстранување на старите и дотраени рабници и поставување на нови. Претходно беше отстранет стариот и истрожен асфалт на дел од коловозната лента.
По поставувањето на нвоите рабници ќе уследи завршната фаза со поставување на завршен фин слој асфалт.
Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.
Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.
Се поставуваат нови рабници на крак од улицата „Гоце Делчев“. Рабниците се поставуваат на местото на старите, оштетени и дотраени.
Во наредната фаза ќе следи асфалтирање на оваа улица на потегот до спојот со улицата „Народна младина“. На оваа делница ќе се посатви нов завршен слој со фин асфалт на површина од 350 метри квадратни.
И овој проект општината го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци. Изведувач на работите е фирмата „Изолација“ од Скопје.
Деновиве се изврши и хортикултурно уредување на една од нај фреквентните сообраќајници, Западен булевар. Се подигна зелена површина, а се постави и систем за наводнување.
Механизација работеше и на проширување на патот до селото Раец.
Додади коментар