Се продолжува канализационата линија во населба „Парк“ во Кавадарци
08-05-2020 РЕГИОН
Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци работи на продолжување на постојната канализациона линија во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги изведува градежните работи на прокоп и поставување на цевки и шахти од новата делница на улицата „Дисанска“ која води до спомен костурницата.
Во оваа фаза ќе се постави нова линија во должина од 300 метри, велат од општината.
Изведувач на работите е фирмата „Премиум билдинг“ од Скопје. За оваа намена општината ќе потроши 547.000 денари. Парите се обезбедени од буџетото на општината програма за комунална изградба.
Во наредната фаза ќе следи проширување и пробивање на улица со тампонирање.
Додади коментар