Се проверуваше видот кај децата од градинка
26-04-2018 РЕГИОН
Лајонс клуб Тиквеш-Кавадарци, заедно со д-р Марија Нанева, специјалист офталмолог, преку проектот на УСАИД и Лајонс интернешенал вчера и денеска во детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино спроведоа хуманитарен очен скрининг на дечињата.
Беа направен над 120 очни прегледи. Кај 16 дечиња се откриени аномалии и истите се упатени на понатамошни прегледи со цел за навремена превенција.
Покрај прегледите во Кавадарци и Неготино, планирано е акцијата да продолжи и по руралните средини.

Додади коментар