Се пробива „Западен булевар“ од градски гробишта до спојот со „Ѓоре Брушански“
14-10-2020 РЕГИОН
Оперативата на фирмата „Градба промет“ работи на пробивање на Западен булевар на потегот од градските гробишта до спојот со ул.„Ѓоре Брушански“ кај „Кавадаречки дол“ - информираат од локалната самоуправа.
Во оваа прва фаза се работи на делница во вкупна должина од 740 метри, од кои првите 300 метри се целина на коловоз и тротоари, по што улицата се дели на два крака, секој со должина од 240 метри.
Според проектот на општината на оваа делница се реконструира старата подземна инфраструктура на водовод и канализација (фекална и атмосферска), а се посатавуваат и целосно нови линии таму каде што има потреба.
Во наредниот период ќе следи поставување на рабници и тампонирање, а во завршната фаза улицата ќе се асфалтира. Урбанизацијата на оваа нова улица ќе се заокружи со поставување на нова линија од системот на улично осветлување на високи метални столбови со еколошки и штедливи ЛЕД светилки.
Додади коментар