Стручните лица вработени во Македонски шуми денешната акција Ден на дрвото ја оценија за мошне успешна. И покрај лошите временски услови граѓаните, вработените во администрацијата, ученици и професори масовно дадоа подршка на акцијата за раззеленување на државата. ВО Кавадарци се садеше на две локации. Се пошумуваа „Калница“ и „Мелци“.
На локалитетот „Калница“ подршка на акцијата дадоа земник министерот за здравство Јовица Андовски, пртеничката од Кавадарци, д-р Весна Пемова и комерцијалниот директор на Македонски шуми Тони Јованов.
„ Ова е седма година по ред откако се спроведува оваа акција или двапати годишно. Акцијата е доста успешна. Баш на овој локалитет каде што сме присутни „Мелци“ зафатеноста на дрвцата што ги садевме минатата година е над 50 отсто. Денешното пошумување овде има за цел да помогне да запре лизгањето на земјиштето.“ рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Весна Пемова.
На „Калница“ се садеше аризонски чемпрес, багрем, црн бор и јасен. Од Македонски шуми нагласуваат грижата кон шумите им е секојдневна, а несебично ја организираати помагаат акцијата „Ден на дрвото“.
„ Нашата обврска е да ги чуваме негуваме и одгледуваме шумите, па на крај да се искористи тоа што треба. Мораме да подигнеме нови шуми, да го збогатиме шумскиот фонд, да ги заштитиме земјиштето од ерозија, да се заштитат водите, да се заштити природата од загадување. Избушени се на оваа локација 15 илјади дупки“ рече комерцијалниот директор на ЈП „Македонски шуми“ Тони Јованов.
Денешната акција „Ден на дрвото“ беше подржана и од вработените во Фени Индустри Дрекслермаер.
Во соработка со институциите организатори на оваа акција, односно Општина Кавадарци И Македонски Шуми, подружница Кавадарци, земајки го во предвид повекегодисното учество, ФЕНИ досега има посадено 17.000 садници на локациите однапред определени од страна на Македонски шуми. Оваа година се приклучивме во акцијата на пошумување на локалитетот Мелци. Нашето учество е исто така И во согласност со политиките за општествена одговорност на компанијата, па оттука активно се вклучуваме во сите кампањи од ваков тип. Земавме учество И во денот на розите оваа година, но истотака имаме организирано бројни самостојни кампањи за посадување дрва во соработка со невладини организации и локални еколошки друства“ рекоа од Фени индустри.
Ангел Данов
Додади коментар