Општина Кавадарци денеска започна со поставување на нови, како и со замена на оштетени и дотраени сообраќајни знаци од вертикалната патна сигнализација.
По спроведениот тендер за набавка набавени се вкупно 111 ноови сообраќајни знаци, 115 столбови, 10 патокази и едно сверно сообраќајно огледало.
Овие знаци ќе бидат поставени во најголем дел за подобрувањље на сообраќајната сигнализација на локалните патни правци Ресава-Бегниште, на патот кон селото Дреново и на делницата од локалниот пат Ладсно Долче –Страгово, а станува збор за целосно нова патна сигнализација. Одреден дел на знаци ќе се поставаи и на улиците во Кавадарци.
Согласно програмата за сообраќај Општината за оваа намена поврзана со набавката и монтажата ќе издвои вкупно 486 750 денари.
Изведувач на работите е специјализитраната фирма „Виа –Сигнал“ од Скопје која планира да ги постави новите знаци во наредните десеттина денови.
Од 2009 година наваму Општината секоја календарска година поставува нови дополнителни 80 сообраќајни знаци, паралелно со репарирањето на постојните дотраени, или оштетени знаци.
Со овој зафат Општина Кавадарци во голема мерка ќе ја подобри патната сигнализација, а со тоа и безбедноста на локалните патишта и улиците во градот.

Додади коментар