Се поставува завршниот асфалтен слој на „Шишка“
15-10-2020 РЕГИОН
Денес започна поставувањето на завршниот-фин слој на асфалт на реконструираната делница на улицата „Шишка“ во должина од 1200 метри. За прв пат во градското подрачје се применува нов тип асфалт полимер битумен со дебелина од 6 сантиметри кој во споредба со останатите асфалти кои се вградуваат во нашето подрачје е поотпорен на надворешни влијанија ( високи и ниски температури ) , експлоатација и ваков тип на асфалт се поставува со поголемо сообраќајно оптоварување - информираат од локалната самоуправа.
 
 
Откако ќе се асфалтира целата должина, ќе следи завршната фаза на обележување на хоризонталната и поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација.
 
 
 
Со тоа целосно ќе се обнови и урбанизира источниот влез во Кавадарци од правец на Неготино.
Проектот кој го изготви општината опфаќа реконструкција со проширување на улицата на потегот од старото уличиште во Глишиќ до спојот со „Северен булевар“. Во реконструкцијата учествува и државата преку Агенцијата за државни патишта.
 
 
Новото булеварско решение на улицата која е дел од регионалниот патен правец Неготино-Кавадарци-Прилеп е современ урбанизиран сообраќаен влез во градот со поголема пропустна моќ на возила, велосипедисти и пешаци.


Share

Додади коментар