Се поплочуваат улици во селото Ваташа
03-12-2019 РЕГИОН

Оперативата на фирмата „АС-Машини“ во селото Ваташа реализираше проект на Општина Кавадарци за поплочување на крак од улицата „Данко Дафков“.

 

Се работи за поставување на бехатон плочки согласно потребите и барањата на жителите од Ваташа кои гравитираат на оваа улица.

 

Исто така Оперативата на фирмата „АС-Машини“ ја спроведува и завршната фаза на проектот на Општина Кавадарци на дел од улицата „Перо Видев“ во село Ваташа.

 

На потегот од кејот на реката Луда Мара до старата селска чешма се оформуваат тротоари, по што ќе се поставуваат павер елементи.

 

Претходно Општината преку ЈП „Комуналец“ долж целата траса на улицата изврши замена на старата со нова водоводна линија, по што следуваше нејзино цело поплочување - информираат од локалната самоуправа.



Share

Додади коментар