Се поплочува улицата „Данко Дафков“ во Ваташа
07-12-2018 РЕГИОН
Се релизира комуналниот проект на Општина Кавадарци за поплочување на улицата „Данко Дафков“ во Ваташа.
Според проектот со бехатон коцки се поплочува вкупна површина од 960м2, на два кракa - информираат од општината.
Се работи за уредување на улица која се наоѓа на десниот брег на реката Луда Мара, која води кон куќите под месноста „Журов дол“ над Спомен домот „12 Младинци“.
Општината и ЈП„Комуналец“ претходно извршија реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, со што овој дел од селото Ваташа сега има функционална мрежа и урбанизиран пристап до индивидуалните станбени објекти.

Додади коментар