Со поставувањето на рабниците, оперативата на ангажираната фирма „АС машини“ од Кавадарци започна со реализација на втората етапа од поплочувањето на делница од пристапниот пат до црквата во село Возарци - информираат од локалната самоуправа.
Во наредните денови ќе се оформи контурата на патот во должина од 270 метри на делница од постојниот плочник до капијата на црковниот двор. Паралелно ќе се врши и поплочување со бехатон коцки на површина од 800 метри квадратни.
Минатата година општината преку ангажираната фирма поплочи површина од 400 метри квадратни, во правец на црквата и тоа на потегот од спојот со локалниот пат кон браната на „ХЕЦ „Тиквеш“.
Со овој зафат општината во целост ќе го поплочи пристапниот пат до селската црква.
Додади коментар