Се поплочува делница од ул.„Браќа Џунови“
11-11-2020 РЕГИОН

Во текот на вчерашниот ден се поставуваа рабници за формирање на улицата, согласно проектот на делницата од мостот „Слога“ до постојниот асфалт на влезот во „Кадрово маало“. Овде во должина од 85 метри ќе се поплочува со бехатон коцки.
Со овој зафат општината ќе санира значаен дел од улицата кој со години беше слепо црево на левиот брег од реката „Луда Мара“.
Проектот е на барање на жителите од овој дел на Кавадарци, кои со децении наназад бараaт од општината да им урбанизира пристап до ул.„Слога“ една од клучните сообраќајници во градот.

Додади коментар