Се полни капацитетот на ковид одделот во кавадаречката болница
04-03-2021 РЕГИОН
 
 
Четворица ковид позитивни пациенти се хоспитализирани изминативе 24 часа во ковид одделот на кавадаречката болница. Во моментов таму се лекуваат вкупно 52 пациенти во стабилна општа состојба.
 
Директорот на болницата, д-р Диме Коцев информира дека слободни се уште 8 болнички кревети.
 
Дознаваме дека деновиве ќе биде ставена во функција и модуларната болница,  чија изградба е веќе завршена. 
 
 
Во изминативе 24 часа е регистриран и еден смртен случај. Починал 78 годишен маж од Кавадарци со сериозни коморбидитети.

Во вчерашната статистика, во Тиквешијата се евидентирани 73 нови ковид позитивни, по 36 во Кавадарци и Неготино и 1 во Демир Капија.
 
Заклучно до вчера, во Кавадарци активни се 604 случаи, 264 во Неготино и 40 во Демир Капија.
 
 
А.Д
 


Share

Додади коментар