Состојбата со корона вирусот во Тиквешијата и понатаму е алармантна. За 24 часа примени се 7 нови пациенти во ковид одделот на модуларната болница. Во моментов таму се лекуваат 76 пациенти и слободни се уште 19 болнички кревети. Во овој бран капациетот на болницата е значително исполнет.
Вчерашната статистика покажа нов рекорд на нови позитивни во Тиквешијата, вкупно 86 заразени. Во Кавадарци дијагностицирани 50 нови случаи, 31 во Неготино и 5 во Демир Капија.
Лекарите апелираат граѓаните да покажат позрело и по одговорно однесување и да ги почитуваат мерките за заштита, да избегнуваат масовни собирања. Медицинскиот персонал со сите сили се грижи за здравјето на заболените од овој вирус.
Од синоќа започна и полициски час од 22 часот до 05 наутро. Според граѓаните ваквата рестриктивна мерка нема никакво значење, за да се намали бројот на нови заразени со вирусот, бидејќи целата фрекфенција на движење е во текот на денот. Кафулињата се преполни дење, а затвораат пред да започне полицискиот час. Превентивните мерки за заштита таму воопшто не се почитуваат.
Граѓаните со најразлични коментари на социјалните мрежи. Едни апелираат да се покаже поголема зрелост во однесувањето, да запрат собиранките и да се носат маски. Други пак сметаат дека неоправдано учениците следат настава од далечина, кога средношколците ги полнат кафулињата без да почитуваат мерки за заштита. Исто така се споделуваат и размислувања дека полицискиот час треба да започнува од 18 часот за да се покаже некаков резултат во намалувањето на бројот на нови заразени, додека се очекува пристигнувањето на вакцините.
А.Д

Додади коментар