Се подобруваат условите и нивото на безбедност во четири клона на кавадаречката градинка
22-06-2020 РЕГИОН

Финансиската конструкција изнесува 2.148.949 денари и
опфаќа: оградување, осветлување, настрешници и детски играчки. Со овој проект се опфатени објектите: „Гроздоберче“, „Детелинка“, „Снежана“ и Буба Мара.

Општината го реализира проектот преку договор за соработка со Програмата за развој на Обединентите Нации УНДП. Поддршката се однесува на зајакнување преку финансиска поддршка (мали грантови) за проиритетни мерки на општините. Изведувач на работите е фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци.

Додади коментар