Се подобруваат условите во четири објекти од кавадаречката градинка
12-11-2020 РЕГИОН
Општина Кавадарци деновиве во целост го реализира проектот за подобрување на условите и нивото на безбедност на четири клона на градинката „Рада Поцева“ - информираа од локалната самоуправа.
 
 
Со проектот се оградија четири клона на детската градинка Рада Поцева- “Гроздоберче“, „Детелинка“, „Снежана“ и “Буба Мара“, се постави ново енергетско ефикасно осветлување, се поставија нови дрвени играчки со песочници, со што во иднина ќе се подобри безбедноста во оваа установа каде што престојуваат деца од предшколска возраст.
 
 
 
Финансиската конструкција изнесува 2 016 553 денари.
Општината го реализира проектот преку грант- договор за соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП.
Изведувач на работите е фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци.


Share

Додади коментар