Пeдесетина чемпреси денеска се посадија во близина на Тиквешкото Езеро. Тие ќе го сочинуваат заштитниот појас за премин од лозов насад кон езерото. Проектот се реализира во соработка помеѓу УСАИД и СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци.
„Преку оваа активност проектот на УСАИД се стреми да ја подигне свеста кај младите чинители во земјоделскиот сектор за негативното влијание на климатските промени врз ерозијата на почва и да ги научи како да ја намалат ерозијата во услови на наклонет терен преку поставување на зони со трајна вегетација“ рече претставникот на УСАИД и координатор на проектот и нагласи дека активностите се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од струмичко-гевгелискиот, бидејќи се работи за земјоделско богати области коишто се под најголемо влијание на климатските промени.
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени започна да се спроведува во април 2012 година од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија. Има за цел да им помогне на земјоелците да се адаптираат кон климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.
M.M

Додади коментар