Се подготвува „паркот на револуцијата“ во Кавадарци
26-05-2015 РЕГИОН

Општина Кавадарци започна со реализација на втората фаза од ревитализацијата на паркот кај полицијата кој согласно проектот треба да се намени во „Парк на Револуцијата“. Станува збор за проект изработен од архитектите во одделението за урбанизам на локалната самоуправа. Проектот предвидува изградба на алеја на великаните во горното ниво под улицата „1 Мај“  каде на полукружна основа ќе бидат поставени бистите на народните херои и борците кои го дале својот живот за слободата на Македонија. Вклопена е и старата фонтана околу која се веќе поставени  клупи за одмор,  а пред две години се обновија патеките  со гранитни коцки и бекатон плочки.

Деновиве оперативата на специјализираната фирма „Моја Земја“ од Опеница охридско ги изработи бетонските основи на12 постаменти кои откако ќе бидат обложени со бел мермер ќе послужат за поставување на бистите на паднатите борци. Вкупната инвестиција во износ од 460.000 денари е од сметката за комунална изградба на буџетот на општината.

Второто ниво е предвидено како мултимедијален центар каде ќе се постават два мали обеликса со симболи на поднебјето на Кавадарци, шеталиште, со одморалиште, а на влезот од страната на кејот ќе биде изградена бина. Вкупната површина на паркот е 5 000м2.

 



Share

Додади коментар