Се очекува одобрување на проектот за нова градинка во Кавадарци
17-10-2014 РЕГИОН

Кавадарци интензивно работи на проект за изградба на нова градинка. Планот на локалната самоуправа е да новата градинка да се изгради преку заем од Светска Банка. Проектот за задолжување за градинката веќе бил изработен и се чека на негово одобрување, велат од општината.

 

„Постапката околу тендерот за проектот за новата градинака во локалната самоуправа  е завршен и исиот пред неколку месеци е даден во министерството  за финансии - сектор светска банка , каде се разгледува и се даваат забелешки и се испраават. Во најскоро време се надевам дека овој проект ќе биде прифатен , а тоа е прва фаза од повлекувањето на средства од светска банка. Втора фаза би била ноисење на одлука за задолжување и трета фаза да распишпиме тендер за изведба на проектот“ рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов. 

 

Во моментот додека се работи на проблемот, околу  двеста дечиња чекаат да бидат примени во градинка, а  и бројот на оние кои се згрижени е неколку пати над дозволениот просек. Работат групи и со 40 деца што е навистина голем проблем за нормално работење со децата.

A.Д



Share

Додади коментар