Победниците на 30-от по ред општински противпожарен квиз натпревар кој се одржа во гиманизјата „Добри Даскалов“, екипите на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и екипата на гимназијата „Добри Даскалов“ вчера учествуваа на регионалниот квиз натпревар кој се одржа во Валандово.
На ова натпреварување во категоријата кадети првото место го освоија учениците од Прилеп, а нашата екипа од категоријата кадети беше втора. Во категоријата јуниори први беа учениците од Крушево, а гимназијалците од Кавадарци го освоија второто место.
„Екипите од сите региони кои што го освоиле првото место во категориите кадети и јуниори ќе одат на републичкиот противпожарен квиз кој што ќе се одржи во Кочани на 10 декември годинава“ инфоирмира претседателот на општинсклиот противпожарен сојуз м-р Петко Ристовски.
A.Д

Додади коментар