Учествувааа најдобрите 18 јуниори со воздушна пушка
Изминатиов викенд се одржа 26-от меморијален турнир Ристо Танев на стрелиштето на С.К Кавадарци во гимназијата Добри Даскалов во Кавадарци. Оваа година на турнирот се гаѓаше со воздушна пушка јуниори апсолутна категорија од 60 истрели на електронски мети. Поканети беа најдобрите 18 јуниори со воздушна пушка од клубовите членки на МССФ, а гаѓаа вкупно 17 од кои 4 стрелци вон конкуренција.
Присутните на турнирот ги поздрави Претседателот на СК Кавадарци Горан Илиев и Претседателот на МССФ, Јордан Тасевски. Се гаѓаше според правилата на ИССФ во три партии. Првото место го освои Анастасија Мојсовска од СК Стрелец од Скопје со резултат од 617 кругови, втор беше . Мартин Ангелески од СК Херој од Прилеп со 611,6 кругови. а на третото место заврши Лилјана Илиева од СК Кавадарци со 605,6 кругови. Мал куриозитет е тоа што овие три стрелци и мината година ги освоија наградите на овој турнир но по друг редослед. Вториот наш претставник Лина Нојкова заврши како седма со 594,1. кругови.
Беше доделена и награда за најдобра серија од 10 дијаболи со резултат 103,9 која му припадна на Мартин Ангелески од СК Херој од Прилеп, а награда за најмногу испукани апсолутни центри (10.9) и припадна на Анастасија Мојсовска од СК Стрелец од Скопје. Ова беше и контролен натпревар за формата на стрелците кои ги очекуваат натпреварите од 3,4 и5 коло на купот на МССФ како и меѓународни натпревари во Србија, Бугарија и Хрватска.
Мики Виденовиќ
Додади коментар