Вработените во локалните самоуправи Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија и претставници на институциите кои се на терет на буџетот денеска во Кавадарци се обучуваа за приемната на две законски решенија кои го тангираат нивното работење. Претставници на Министерстовот за информатичко општество и администрација и од Агенцијата за администрација ги едуцираа админитративците за примената на Законот за вработените во јавниот секотор и законот за административни службеници и системот на управување темепел на компетенции.
„Ова се обуки кои се организираат на регионално ниво , потпомогнати од Британскиот совет. Целта е да се запознаат вработените со овие две законски решенија и што ги очекува од отпочнување со примена. Тие законски решенија стапуваат на сила од средината на февруари 2015 година. Говоревме и за начинот како новините да се имплемнтираат за да имаме поефикасна, поефективна и поекономична амдиминситрација ,а не тромава како што досега не нарекуваа“ рече Љубомир Младенов од МИОА.
Државата ќе воведува регистар на вработени во администрација, а преку него во секој момент ќе се знае точниот број на вработените во администрацијата, структурата на образование, старосната граница на вработените, кој и зошто е казнет или унапреден.
„Главното она од кое почнуваме е воведување на компетенции. Сите оние службеници мора да имаат одредени општи и посебни компетенции, за да можат да влезат на работното место кое што ке биде објавено и на задачите од истото да одговори што подобро, поефикасно и поекономично . Сите ние ги користиме средствата на даночните обврзиници. Целта е да створиме една помала и поефикасна администрација во иднина.“ рече Александар ГОлев од Агенцијата за администрација.
Ангел Данов
Додади коментар