Заврши одбележувањето на главните градски сообраќајници.. со хоризонтална сигнализација се означени автобуските стојалишта, пешачки премини, сообраќајните ленти.. обележувањето го прави скопска компанија. Од локалната самоуправа велат дека на почетокот од работите се забележани неправилности но во консултации со фирмата повторно се обележаните дел од улиците.
Договорот за обележување на градските улици трае една година, велат од општината. Фирмата изведувач и во текот на годината треба да ја одржува хоризонтална сигнализација. Градоначалникот Чадиев вели дека во иднина повеќе нема да се бележува во текот на денот. Утврдено е дека се создава метеж а ниту обележувањњето не ги задоволува критериумите.
Според планот за обележување на улиците, во следниот период ќе се постави хоризонтална сигнализација и околу кружниот тек во центарот на градот. Градоначалникот Чадиев вели дека ова ќе се прави откако ќе заврши асфалтирањето околу кружниот тек.
З.Ј
Додади коментар