Се обновува фасадата на зградата после „старата автобуска“
10-06-2020 РЕГИОН
Општината Кавадарци продолжува со реализација на успешниот проект за обнова на фасадите на зградите во строгиот цеднтар на градот.
Од вчера градежната оператива на фирмата „Метал Апостолов“ започна со обновување на фасадата на зградата после „старата автобуска“ на улицата „Илинденска“. Ова е првата од вкупно петте згради на кои ќе се изврши фарбање и обновување на сачокот и олуците. Четири згради се на „Илинденска“ а една зграда е на улицата „Цано Поп-Ристов“ на северниот влез од Градскиот зелен пазар - информираат од локалната самоуправа.
За оваа намена општината од буџетот одвои нашто над четири милиони денари.
Да потсетиме дека во првата фаза, општината обнови фасади на тринаесет колективни станбени објекти, лоцирани покрај централните градски улици.
Додади коментар